fbpx
12.8 C
Skopje

Артан Груби: Една канцеларија не е институција, туку институција е претседателот на Собранието, Талат Џафери

АКТУЕЛНО

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби денеска во изјава за медиумите рече дека во согласност со волјата на парламентарното мнозинство, денеска со Талат Џафери биле во Собранието, каде што тој ги дал административните насоки за администрацијата и правните служби, при што побарале од генералниот секретар на Собранието да овозможи услови да функционира кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Треба да имаме предвид дека една канцеларија не е институција, туку институција е Талат Џафери и новата опозиција мора да се помири со тоа“, рече Груби.

Тој кажа дека денеска до Собранието ги доставиле потребните документи за во Службениот весник официјално да биде објавено дека Талат Џафери е новиот собраниски спикер.

Во изјавата за медиумите тој кажа дека немаат никаков контакт со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Груби рече дека Талат Џафери ќе достави писмо до Иванов со кое ќе го побара мандатот во моментот кога ќе завршат сите процедури, односно кога Службен весник ќе објави дека Џафери е новиот претседател на Собранието.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -