fbpx
13.8 C
Skopje

Артене Исени, адвокат на дел од обвинетите во “Диво Насеље”: Зошто Албанците треба да гласаат ЗА на референдумот

АКТУЕЛНО

Артене Исени (адвокат на дел од членовите на Кумановската група)

На 30 септември 2018 година, сите Албанци гласаат ПРО – референдумот бидејќи:

Гласањето ЗА е продолжение

– на напорите на 20 албански делегати од Илинден

– на напорите на сите оние што се бореа во Втората светска војна

– на напорите на сите оние кои во 1991 година гласаа против едностраниот референдум

– на оние кои го основаа Тетовскиот универзитет

– на оние кои го бранеа знамето во 1997 година

– на оние кои во 1999 година излегоа во одбрана на Албанците и засолниле 500.000 Косовари за време на Егзодусот

– на оние кои во 1998-99 година се подредија во редовите на Ослободителната војска на Косово

– на оние кои во 2001 година жртвуваа сè и како ревилуционери застанаа рамо до рамо заедно со Ослободителната национална армија

– на оние кои со својата бескомпромисна политика од 2002 до 2018 година го следеа патот кон НАТО и ЕУ.

– на оние кои на 27 април, под ризик на нивниот живот, останаа во Парламентот и го заштитуваа нивното право на владеење што Господ му дал, кога нам Албанците ни ја подари оваа благословена земја.

– на оние кои денес одлучно го организираат референдумот и затвораат една темна ера на Албанците и не изедначуваат со благородни европски нации.

Гласот ПРО референдумот:

– го спречува вековното ропство на Албанците во Македонија

– отвора можност за владеење на законот и правото

– го спречува фингирањето на политички и кривични предмети

– нуди транспарентна економска конкуренција

– воспоставува еднакви права без разлика на расата, религијата, етничката припадност или социоекономската положба

– оневозможува корупција во здравството, образованието, полицијата, судството итн.

– го отвора патот за транспарентно и сеопфатно повторување на случаите како што се Монструм и Куманово 2015 врз основа на закон и факти

Ивлези гласај

– за европска Македонија

– за Македонија на слободни и еднакви граѓани

– за членство во НАТО и отворање разговорите со ЕУ

– за континуитетот на животот во партнерство со други етнички групи во Македонија

– добрососедство со држави околу себе

– за безбедна и просперитетна иднина за нашите деца … ..

Да се надеваме

Извор: Република

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -