fbpx
12 C
Skopje

Асад: Ердоган е еден од главните спонзори на ИД

АКТУЕЛНО

Сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за јапонскиот телевизиски канал „ТВЅ“ изјави дека Реџеп таип Ердоган, претседателот на Турција е еден од главните спонзори на Исламската држава, учествувајчи во шверц на нафта од Сирија.

„Да бидеме искрени, ИД беше формирана од страна на САД во Ирак во 2006 година. По почетокот на конфликтот во Сирија, Турција започна да ја спонзорира оваа терористичка организација, бидејќи таа ги користеше нафтените полиња. Турција беше директно вклучена во шверцот на нафта преку Ердоган“, изјави Асад.

Асад додаде дека и „покрај тоа што Ердоган се залага против терористите на ИД“ тие не би постоеле без неговата поддршка и заклучи дека од Турција и САД неможе да се очекува вистинска борба против нешто што тие го создале и го финансирале.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -