fbpx
4.8 C
Skopje

Асоцијацијата на спортски обложувалници: Спортското обложување треба да биде начин за забава додека се следи натпреварот на омилениот тим

АКТУЕЛНО

Под слоганот „Играј Одговорно“, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) започнува кампања за одговорно спортско обложување. Кампањата има за цел подигнување на свесноста за одговорно спортско обложување и едукација на играчите дека спортското обложување е начин за забава, а не нешто од кое треба да се очекува заработка и егзистенција.

„Програмите за едукација на вработените и играчите за неопходноста од почитување на законите и правилата, за важноста од одговорно спортско обложување и подигнување на свесноста за можните негативни влијанија се дел од стратегијата на АСОМ.

Спортското обложување треба да биде начин за забава додека се следи натпреварот на омилениот тим, а не стил на живот или професија со заработка од која би се очекувало финансиско издржување. Со оваа кампања сакаме да укажеме на нашите цели и заложби- безбедно спортско окпружување и играчи без проблеми со обложувањето, грижа за нашите играчи и грижа за општеството во целост.

Продолжуваме да создаваме услови за работа и кариера, активно да работиме на интензивирање на соработката со сите засегнати страни, да даваме придонес во носење и унапредување на регулативата, законите и подзаконските акти и секако, остануваме посветени на стратегијата за општествено одговорно делување во заедницата во која работиме“. – истакнува Васко Илијевски, Претседател на АСОМ.
Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -