fbpx
13.8 C
Skopje

Аце Коцевски: Ако продолжи вака, Србија ќе стане “Белградски пашалак”

АКТУЕЛНО

Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, кој доаѓа од редовите на СДСМ, во вчерашното гостување во емисијата 24 Отворено јавно ги навреди Србите и Република Србија кога отворено кажа дека ако биле доволно паметни и мудри немало да го изгубат Косово, а ако вака продолжат можно е еден ден да ја изгубат и Војводина со што Србија ќе стане белградски пашалак.

– Како што има во Македонија, така и во Србија има многу радикални кругови тоа не треба воопшто да не загрижува, доколку тие беа мудри и паметни немаше да го изгубат Косово. Ако продолжат со погрешната политика можеби ќе ја изгубат еден ден и Војводина и ќе станат белградски пашалак, рече Коцевски.

Додека Заев декларативно на големо гради добрососедски односи со соседите, потпишувајќи договор и распродавајќи ги националните и државните интереси, градоначалникот Коцевски не ги бира зборовите и јавно упатува навредливи зборови кон српскиот народ и Република Србија.

Извор: Република

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -