14.2 C
Skopje

AVE CAESAR, ЖИВИО ТИТО…

АКТУЕЛНО

Пратеничката Соња Михаиловска се приклучи во акција на Црвен Крст Делчево (Фото)

Во организација на Црвен Крст Делчево денес беше спроведена акција за делење пакети со храна на семејства од социјален ризик во рамки на „Недела...

Рекорд: Над 1000 заразени во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 447, Куманово 69, Дебар 9, Штип 39,...

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Донекаде се забавував претпладнево читајќи носталгични сеќавања, призраци од сеќавања,спомени, остатоци од колективната и индивидуална меморија – кој како трчал, галопирал, или што уште не правел на роденденот на најголемиот син од сите синови на поранешната СФРЈ. И каква штафета тоа било. Денеска такви не прават! Низ социјалните мрежи и денешниот „печат“ како на натпревар дефилираат советници, пратеници, политичари и од „лево“ и од „десно“, разно разни „кабинетџии” кои свесно или не, се дел од т.н. социјалистичка удобност на проф.Денко Малески од која и тој самиот потекнува.

Какви времиња беа тоа. Бескрајни и безначајни беседи (не оти денеска имаме недостиг) па стотици реферати, докторати, научни трудови за трулиот капитализам, ситната буржоазија, империјализмот и неврзаните, работничките движења, па СВОЗ кога сините кукавички напаѓаат,а црвените херојски се бранат. (за помладите, кратенка од Сите Во Одбрана и Заштита)

Најмалку една третина од членовите на МАНУ, универзитетските професори и актуелната „политичка елита“ го должат своето „професионално“ постоење на нивната „преданост“ во социјализмот со човечки лик, братството и единството и вечното – Ми ти се кунемо!

Се разбира, таквите вечни „омладинци и омладинке“ не се најдобра референтна точка за навигација, освен ако не пловите со скопските галии. Парадоксот на „неприфатливоста на секојдневието“ и неговата замена со „утописко и златно минато“ е во тоа што токму „Светите крави“ се „предводници“ на разумот, на просветителството, на прогресот и на промените. Преку ноќ марксизмот го заменија со антропологија, а самоуправувањето со социологија. И со сиот „интелектуален раскош“ ни се претставија како репер на она што не очекува. Ние, помалку наивни,помалку глупави, си дозволивме да им поверуваме.

Лесно заборавивме на „План за стабилизација“ локални и национални придонеси за вода, за канализација,за патишта, за Фени, за Студенчица и Вевчани, за Железара, за Тиквеш за…

Целиот текст прочитајте го на порталот Трибуна на линкот ТУКА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пратеничката Соња Михаиловска се приклучи во акција на Црвен Крст Делчево (Фото)

Во организација на Црвен Крст Делчево денес беше спроведена акција за делење пакети со храна на семејства од социјален ризик во рамки на „Недела...

Рекорд: Над 1000 заразени во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 447, Куманово 69, Дебар 9, Штип 39,...

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...
- Advertisement -