Јапонски патнични авион со број JL123 на Japan Airlines се срушил на 12 август 1985 година. И до ден денес според статистиката тој е најсмртоносниот случај во историјата на авионски несреќи. Жртвите биле 520, а успеале да преживеат само 4 патници.




Во Јапонија, не само што се сеќаваат на оваа несреќа, но и секоја година се оддава почитта на загинатите. Денови пред одбележувањето на овогодишната почит на загинатите се случило нешто неверојатно. На сајтот Filightradar24, корисник на твитер случајно го забележал летот со број JL123 како се приближува кон аеродромот Нарита.




Националната телевизија го објавил овој настан, при што се појавиле бурни реакции во јавноста. Раководството на авиокомпанијата дала соопштение дека вработен во компанијата ги згрешил бројките при впишување на летот. Вистинскиот број на летот бил JL712.