fbpx
21 C
Skopje

Автомобили ќе го леат црвено жолтиот бран низ Скопје – „За заедничка Македонија“ со нови активности

АКТУЕЛНО

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на својот профил на ФБ информира за своите нови активности.

Тие денеска со автомобили ќе го лееат „црвено-жолтиот бран“ низ Скопје, од две појдовни точки: СЦ Борис Трајковски и СЦ Јане Сандански, а завршуваат пред Собрание.

„Утре во Скопје го потсетуваме разбудениот град дека наредната недела е клучна. Дека не чекаат важни денови и предизвици. Дека часот е велик, а ние достојни за одговорноста која ја имаме во оваа трошка од историјата, на наша смена, да го зачуваме наследеното од дедовците и позајменото од нашите деца: иднината на Република Македонија“, пишува на фан-страницата на Фејсбук.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -