fbpx
11.8 C
Skopje

Азар испрати заканувачка порака до Челси и Абрамович од кампот на Белгија

АКТУЕЛНО

Еден Азар како најголема белгиска ѕвезда ќе има навистина круцијално значење во успехот на „црвените ѓаволи“ на претстојниот мундијал во Русија, а според многумина, истиот може да биде последен за него кој ќе го одигра како член на Челси.

Англиските медиуми во послендо време на големо пишуваат за тоа дека нејасната ситуација во Челси го прави нервозен и незадоволен феноменалниот крилен напаѓач, па сега самиот Азар од кампот на белгиската фудбалска репрезентација испрати предупредување со една заканувачка порака.

Роман Абрамович на големо се мисли дали да продолжи со Антонио Конте или да ангажира нов тренер, а сето тоа колебање не влијае позитивно ниту кај фудбалерите кои не знаат каква иднина и каков проект ги чека.

– Искрено, сакам да знам што ќе се случи во тимот пред да донесам одлука за мојата иднина. Сега сум концентриран на мундијалот, но сакам да знам дали ќе имаме нов тренер и кои се плановите на Челси за купување на нови фудбалери. Сакам да знам кои играчи ќе продолжат во тимот наредната сезона, сигурно ќе зборуваме за ова по крајот на Светското првенство, – искрено порача Азар кој на овој начин јасно стави до знаење дека може да го напушти клубот доколку биде незадоволен од проектот на газда Роман.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -