fbpx
19 C
Skopje

Азар: Јас сум далеку од фудбалски уметник, тоа се Зидан, Роналдињо, Меси..

АКТУЕЛНО

Ѕвездата на Челси, Еден Азар вели дека Зинедин Зидан, Роналдињо и Лео Меси се прави фудбалски уметници и тој не се гледа себеси во оваа категорија.

„Според мене, вистински уметници се Зидан и Роналдињо, би го сместил тука и Рикелме поради начинот на кој се движи и ја додава топката. Секако, тука е и Меси. Она што го прави со топката е неверојатно“, изјави Азар.

Белгијанецот, кој во последно време е во центарот на вниманието поради шпекулациите за трансфер во Реал Мадрид, во разговор со Франс Фудбал говореше за фудбалските волшебници.

„Не се гледам себеси во овој ранг. Но пак, луѓето се тие кој кажуваат и прават споредби, јас не велам дека сум уметник. Јас сакам само да им донесам радост на фановите. Луѓето кои доаѓаат на стадионите сакаат да уживаат и да видат спектакл. На нас играчите останува да ги направиме среќни“, додаде Азар.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -