fbpx
14.8 C
Skopje

БАБА ПО МАЈЧИНА ЛИНИЈА: Таа е најважна во животот на едно дете

АКТУЕЛНО

Бабите имаат златно срце. Тие се нашите најголеми инспирации, но и најголеми поддржувачи во животот. Но, како и се во животот, често ги земаме здраво за готово и ретко им се заблагодаруваме за сите работи кои ги прават за нас.

Затоа, најдете малку време и заблагодарете и се на вашата баба. Кажете и ги следниве зборови:

„Бабо, не знам ни од каде да почнам за да ти се заблагодарам за се што ме научи. Ти ми даде толку многу љубов и поради тебе јас сум ова што сум денес. Никогаш нема да можам да ти ја искажам благодарноста којашто навистина ја заслужуваш. Поминувањето време со тебе многу ми значи. Јас сум неизмерно среќна личност затоа што сум твое внуче. Фала ти за тоа што секогаш ми шепотеше охрабрувачки зборови на моето уво. Те сакам.“

Баба – колку топлина, добрина и нежност има во овој збор. Сите наши сеќавања за бабите се врзани со убави спомени, летни одмори, пити, совршени палачинки, и многу други работи кои ги прави само близок и сакан човек. Убав чај, бајки, безгранична љубов, кои се вашите асоцијации?

Ја сакам и ценам својата баба, па дури и на неа личам повеќе отколку на моите родители. Но, и мојата ќерка повеќе личи на баба си отколку на мене и на ова ме потсети една моја пријателка. Според научниците, бабите од страната на мајката имаат најголемо влијание врз детето. Врската меѓу бабите и внуците е силна и длабока. Како што се покажа, таа влијае на генетско ниво. Одамна не е тајна дека нашите деца ги наследуваат особините од бабите.

И ние исто така личиме на родителите на нашите родители. Затоа често можете да забележите сличност меѓу децата и веќе починатите роднини. Генетиката е сложена и непредвидлива наука. Родителите треба да сфатат каква улога во животот на нивните деца играат роднините. Дури и оние чувства кои бабата ги имала во текот на бременоста можат да влијаат на внучето. Нашите емоции, однесување, добри и лоши навики се пренесуваат преку гените.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -