fbpx
17 C
Skopje

БАБА ВАНЃА ПРЕТСКАЖА: ВО 2018-ТА СИЛИТЕ ВО СВЕТОТ ЌЕ СЕ ПРОМЕНАТ

АКТУЕЛНО

Јасновитката Баба Ванѓа, за време на својот живот запишала предвидувања кои, наводно, ќе се случуваат се до 51-от век, кога наводно, и ќе се случел крајот на светот.

Претскажувачката е родена во Струмица, но поголемиот дел од својот живот го мина во Бугарија, односно во местото наречено Рупите на планината Кожуф во Пиринска Македонија. Почина во Софија, во 1996 година.

За 2018-та година, таа претскажала дека Кина ќе стане новата светска велесила која ќе го преземе приматот од Америка, а 10 години подоцна ќе се открие „нов вид енергија на планетата Венера“.

За малку подалечната иднина, т.е. за 2025-та таа предвидела ново „Златно доба”. Клонирањето, според неа, ќе стане „најраспространетиот лек“.

Натаму, јасновитката од македонско потекло навестува дека во периодот 2033 – 2045. ќе се стопат земјините полови, со што морското ниво ќе се подигне.

Тогаш и муслиманите ќе завладеат со Европа. А пак, САД ќе го нападне „исламски Рим“ со оружје кое, наводно, „ќе го замрзнува противникот“.

Меѓу 2072 и 2086 година, според претскажувањата, „ќе се врати комунизмот“.

За „крајот на светот“, Баба Ванѓа предидела дека ќе се случи во 5079 година. Во меѓувреме, човекот ќе сфател како функционира патувањето низ времето, ќе ги открие „тајните на Месечината”…

Потоа, според записите, цивилизацијата ќе се соочи со огромна криза, а „луѓето ќе живеат како ѕверови“, се додека не настане нова религија…

Некаде во 44-от век „ќе научиме како да живееме со вонземјаните, ќе ја откриеме бесмртноста и ќе разговараме со Бога“, според записите на пророчицата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -