fbpx
16 C
Skopje

Баерн Минхен нуди 80 милони евра за Бернардо Силва

АКТУЕЛНО

 

Германскиот фудбалски шампиони  Баерн Минхен е најновиот клуб што силно загриза за играчот од средниот ред на Монако, Бернардо Силва. Тој е еден од најдобрите во составот на Монако оваа сезона, игра во одлична форма, и го привлече вниманието на најголемите европски клубови. По Арсенал, Манчестер сити и ПСЖ, во редот влегоа и „Баварците“

Раководството на баварскиот клуб е подготвено да плати 80 милиони евра за негов трансфер на „Алијанц арена“. Ако досега приоритет за Карло Анчелоти беше ангажман на Хамес Родригез, колумбискиот интернационалец кој никако не добива полна минутажа на „Сантијаго Бернабеу“, курсот сега е променет и Баерн Минхен цели кон Бернардо Силва. Сепак, ќе има навистина жестока конкуренциа за неговиот потпи ова лето.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -