fbpx
17.8 C
Skopje

Бакингемската палата најави нова церемонија: Трета венчавка во рок од една година

АКТУЕЛНО

Во соопштението од Бакингемската палата, се потврдува дека Габрила Виндзор и Томас Кингстон се вериле, па наскоро би можеле да очекуваме уште една кралска венчавка.

„Принцот и принцезата Мајкл од Кент со задоволство го соопшуваат верењето на нивната ќерка, Габриела Виндзор и Томас Кингстон. Веридбата се одржа во август, кога господин Кингстон ја запроси Габриела за невеста на островок Сарк“, се вели во соопштението.

Според информациите, венчавката ќе треба да се одржи летото 2019 година.

После двете свадби – Меган Маркл и принцот Хари која се одржа во мој 2018 година, како и свадбата на Џек Брауксбенк и Јуџин, која е закажана за следниот месец, односно октомври, ова ќе биде трета венчавка на членови од кралската фамилија за само една година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -