fbpx
-5 C
Skopje

Бакојани: Се плашам дека е само уште една изгубена можност во синџирот можности за решение на името

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Бакојани смета дека справувањето со проблемот треба да започне од основата, која според неа е иредентизмот бидејќи „историски, токму врз оваа иредентистичка логика се изгради целата оваа држава“.

Се плашам дека е само уште една можност во синџирот можности што ги изгуби грчката надворешна политика, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани во однос на изгледите за решавање на прашањето за името, а паралелно упати остри критики до владата на Ципрас за тоа како управува со преговорите.

На панел дискусија на Економскиот форум во Делфи, Грција, како што јави дописникот на МИА од Атина, Бакојани рече дека со актуелниот македонски премиер, преговорите се полесни отколку со претходниот.

– Дали господинот Заев е прозорец на можност? Според мене, да, беше прозорец на можност, затоа што секој што има преговарано со господинот Груевски знае многу добро колку беше тешко, па и невозможно да се постигне било какво решение со еден радикален националист кој воопшто не размислуваше за било какво решение на проблемот,  рече Бакојани.

Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од опозициската Нова демократија, објасни дека припаѓа на категоријата луѓе што сметаат дека треба да се реши проблемот меѓу двете земји, но актуелната грчка Влада „на катастрофален начин управува со прашањето, бидејќи Ципрас ги започна преговорите како лидер на СИРИЗА, а не како премиер“.

– Создаде проблем во внатрешноста на земјата, создаде проблем во преговорите, бидејќи на средина на преговорите се сетија на ерга омнес, на средина на преговорите се сетија дека за да биде ерга омнес потребна е некоја промена во Уставот на соседната земја итн., објасни поранешната шефица на грчката дипломатија, пренесе МИА.

Бакојани смета дека справувањето со проблемот треба да започне од основата, која според неа е иредентизмот бидејќи „историски, токму врз оваа иредентистичка логика се изгради целата оваа држава“.

Во однос на поширокиот регион, таа вели дека „без сомнеж, Западен Балкан е црна дупка во Европа“, а недостигот на интерес на Европа во изминатите години го покриле други сили на Балканот. Со големо задоцнување, сепак, Европа, според Бакојани, сфатила дека ова не може да продолжи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -