fbpx
23.8 C
Skopje

БАРСЕЛОНА НЕ ЗАПИРА – ЕВЕ ГО ПЛАНОТ ЗА АНГАЖМАН НА ГРИЗМАН!

АКТУЕЛНО

Откако вчера го комплетираше најскапиот трансфер во својата историја, Барселона не запира и веќе крои планови како да ангажира уште една ѕвезда, на лето треба да пристигне Антоан Гризман

„Каталонците“ вчера потпишаа со Филипе Кутињо во зделка вредна 160 милиони евра, а до крајот на преодниот рок треба да пристигне и Јари Мина.

Но Барса нема да запре тука и веќе крои планови како да ангажира уште една ѕвезда, Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Клубот од Камп Ноу сака да го ангажира Французинот летоска, кога неговата откупна клаузула одново ќе гласи 100 милиони евра.

Барселона подолго време е во контакт со играчот и веќе му е доставен интересен предлог. Антоан Гризман на маса има пет годишен договор и плата според која ќе биде втор најплатен играч зад Лео Меси и на исто ниво со Луис Суарез.

Ел Ларгуеро пишува дека напаѓачот бил примамен од оваа понуда, но во исто време додава дека и Атлетико Мадрид планира да достави богат предлог за продолжување на договорот, а во игра е и Манчестер јунајтед.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -