fbpx
25.8 C
Skopje

Бејли повторно прозван, овој пат од Сенаторот Мајк Ли

АКТУЕЛНО

Американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли, во писмото објавено на официјалниот сајт на Сенаторот Мајк Ли е прозван да одговори за неговата и улогата на останатите поврзани со мисијата на САД во Македонија.

„Како што знаете, САД игра голема улога, не само во однос на надзор од Конгресот- спречување на губење, измама и злоупотреба на ресурсите на американската Влада, но и во поглед на државните работи и надворешна политика преку разгледување на договори како и потврдување на индивидуи на врвот на раководството. Со оглед на овие одговорности, се интересирам за улогата на мисијата на САД во Македонија, за распределбата на помош во Македонија, за продолжената и бурна политичка ситуација и во поглед на оформување на македонската медиумска средина и граѓанско општество. Важно е за оваа нација од 2,1 милион, ситуирани во историски турбулентен регион да продолжи да се развива со колку што е можно помалку политичко влијание од надвор“, се вели во воведот од писмото на Ли испратено до Бејли.

Ли додава дека ова е критично време за Македонија, додека избраните функционери преговараат за нова Влада по парламентарните избори кои се одвиваа изминатиот декември. За жал, пишува ли, добив кредибилни извештаи дека мисијата на САД во Македонија активно се мешала во политиката на Македонија како и во формирање на медиумската средина и граѓанско општество, често фаворизирајќи групи од едно политичко убедување пред други. Овие извештаи се обесхрабрувајќи и доколку се точни, тогаш се навистина проблематични, вели сенаторот.

Во тој поглед, барам да ги одговорите следните прашања:

1. Ве молам опишете ја вашата и улогата на останатите лица поврзани со мисијата на САД во Македонија во дискусиите кои доведоа до закажување на парламентарни избори за 24 април 2016, дискусиите кои доведоа до одложување на изборите за 5 јуни и дискусиите кои доведоа до повторно одложување за 11 декември. Се надевам дека сите партии биле еднакво консултирани.

2. Како мисијата на САД во Македонија ги одбрала фондациите на „Отворено општество“ како најголемспроведувач на проектите на УСАИД во Македонија? И дали Македонците ги гледаат фондациите на „Отворено општество“ како политички пристрасни? Во тој поглед би ценел дополнителни информации за процесот со кој се оценуваат од функционерите на САД во земјата пред да се напишат барањата за предлози и пред да се одберат примателите на грантови или имплементатори на програми.

3. Колку од медиумите во Македонија добиле финансии од американската Влада и како се викаат? Дали сте преземале некакво дејство за да влијаете во операциите на овие или кои било други медиуми? Доколку да, зошто и како?

„Иако Македонија е мала земја, ги вреднувам блиските односи кои беа формирани меѓу САД и Македонија во изминатите 25 години откако ја постигна независноста. САД е охрабрена од политичкиот и економски развој на Македонија и го цени придонесот на Македонија во многу од политичките приоритети на надворешната политика на нашата земја. Се надевам дека додека во нашата земја се менува власта, ќе можеме да одржиме позитивна и непристрасна врска која приоретизира меѓусебни интереси наместо политички агенди. За да успееме мора да го избегнеме она што некои го гледаат како тенденции кон идеолошки империјализам и мешање во природниот демократски развој на земјата. Се надевам дека ќе добијам точни и навремени информации како одговор на овие прашања, не подоцна од две недели од датумот на писмото. Би сакал и да оствариме средба за да дискутираме на оваа тема, наредниот пат кога ќе бидете во Вашингтон“, пишува Ли во писмото до Бејли.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -