fbpx
18 C
Skopje

Бејзбол и софтбол на ЛОИ 2020 ќе се играат во Фукушима

АКТУЕЛНО

Летните олимписки игри 2020 година ќе се одржат во Токио, но натпреварите во бејзбол и софтбол ќе се играат во Фукушима, така предложи организаторот, а брзо беше прифатено од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Сето ова е со намера да се докаже дека и покрај нуклеарната катастрофата која го снајде градот Фукушима во 2011 година, каде загинаа или исчезнаа над 18.000 лица, населението се опоравува и продолжува со издигнување на култ за овој град.

„Олимпијадата е во Токио, но најверојатно барем дел од натпреварите ќе се одиграат во Фукушима. Со сигурност таму ќе се одигра првиот натпревар. Со тоа сакаме да ги охрабриме луѓето од тој регион, кои преживеаа вистински пекол во 2011 година“, истакнаа организаторите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -