fbpx
27.8 C
Skopje

Бела куќа: Можен е нов напад на сириските сили со хемиско оружје

АКТУЕЛНО

Белата куќа соопшти синоќа дека сириската Влада најверојатно се подготвува за нов напад со хемиско оружје и го предупреди сирискиот претседател Башар Асад дека тој и неговите војници ќе платат голема цена ако тоа го направат.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер рече дека САД имаат информации за потенцијален нов напад со хемиско оружје во кој може да бидат убиени голем број цивили вклучително и деца.

Спајсер додаде дека информациите со кои располага Вашингтон се како и оние пред нападот со хемиско оружје на 4 април во кој беа убиени 70 луѓе во територија под контрола на бунтовниците. Сирија негираше дека извршила хемиски напад. Во одговор на тој напад, владата на Трамп нареди удари со крстосувачки ракети врз база на сирискито Воено воздухопловство.

Спајсер предупреди дека ако Асад изврши нов напад со хемиско оружје „тој и неговите војници ќе платат голема цена“. Белата куќа не ги обелодени доказите во поддршка на тоа тврдење за подготовка на режимот на Асад за нов хемиски напад.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -