fbpx
18 C
Skopje

БЕСА: Инвестициите се намалуваат како резултат на лошите политики на Владата

АКТУЕЛНО

БЕСА со соопштение до јавноста

„Во последните години Македонија постојано бележи намалување на странските инвестиции. Со економскиот развој, а особено со странските инвестиции, Македонија бележи континуиран неуспех: од 138 предвидени инвестиции, досега се реализирани само 51 инвестиции и тоа со намален процес на инвестирање. Остатокот, односно 43 инвестиции не се реализирани, а 44 инвеститори се во процес. Додека, еден голем дел на инвеститори ги повлекуваат инвестициите.

Како што знаеме, неуспесите на странските инвестиции директно влијаат на стапката на невработеност. Со овие инвестиции се предвидени 62.701 вработени, додека реализирани се само 20.246, што значи дека не се реализирани 42.455 ветени работни места. Од друга страна, од предвидената вредност на странски инвестиции, 3.79 милијарди евра, реализирани се само 579,64 милиони евра.

Во контекс на неуспесите на привлекување на инвестиции, Македонија не успеала ни да привлекува инвеститори кои ќе генерираат производство на лесна и тешка индустрија, додека најголемиот дел на инвестиции се во секторот на услуги и трговија.

Покрај ова, во Македонија е евидентен и елементот на регионална дискриминација, каде што од инвестициите предвидени во целата територија на Македонија, во градовите со Албанско мнозинство, од вкупно 138 странски инвестиции, резултираат само 6 странски инвестиции. И од овие 6 инвестиции реализирани се само 2, додека 4 од нив уште не се реализирани, па дури и има тенденција да се повлечат од понатамошното инвестирање.

Оваа ситуација уште повеќе ќе ја влоши економијата на земјата и ќе се појави и како сомнителен елемент за новите инвеститори. Политичката клима, недостатокот на транспарентност, како и високото ниво на корупција доведе до тоа странските инвеститори до го забавуваат процесот на инвестирање, да ги повлечат своите инвестиции од земјата и да не покажуваат воопшто интерес за инвестирање во Македонија.

Во оваа прилика, повторуваме дека Движењето БЕСА е заинтересирана да создаде поволна клима за локалните бизниси и за странските инвеститори, олеснувајќи го процесот на инвестирање, овозможувајќи целосна транспарентност во процесот на инвестирање, како и овозможувајќи олеснување преку даночни и фискалните пакети, како и овозможувајќи административните процедури да се вршат преку интернет. Овие мерки ќе овозможат да се зголеми капацитетот и довербата во пазарот во земјата“, се вели во соопштението на Движењето БЕСА.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -