fbpx
20.8 C
Skopje

Бев да купам пиперки за ајвар во скопски Мичурин – ме прелажаа и ме претепаа со дрва и боксови

АКТУЕЛНО

Отидов да купам пиперки за ајвар а добив ќотек со дрвени палки и боксови. Скопјанец на социјалните мрежи раскажува за случката која му се случила минатиот петок.

„Кај надвозникот на Нова Железничка од тие што продаваат пиперки, купив наводно 42 килограми. Кога ги измерив дома на вагата, забележав дека наместо 42кг, ми ставиле 29кг. Се вратив за да направам рекламција и кога видов, покрај мене уште многу луѓе се расправаат за истото.

Наместо да ми се извинат, продавачите, оние кои ми ги продадоа пиперките, ме нападнаа. Беа повеќе луѓе кои излегоа од 5 камиони кои продаваа таму во близината на Мичурин.

Повикав полиција но после еден час чекање, тие не дојдоа а јас морав во болница поради ќотекот кој го добив.“ – раскажува скопјанецот и додава дека по повеќе од 1 час, полицајците пристигнале прво на местото на настанот а потоа и во болница да му земат изјава.

„Никаков увид не е направен, имаше искршено и една бандера од страна на сторителите додека бегаа. Ве молам ако некој нешто видел да ми помогне со своето сведочење. Настанот се случи во 14:45 во петокот“ – раскажува скопјанецот.

Извор: Прес24

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -