fbpx
10 C
Skopje

Биди креативен дури седиш дома и освој 100 евра од скопскиот градоначалник – интересна идеја на Шилегов

АКТУЕЛНО

Град Скопје ќе ги наградува граѓаните кои ги почитуваат препораките за седење дома како мерка против ширење на корона вирусот. На твитер профилот на Градот има објавено дека избираат најдобра фотографија на тема „Скопје дома“

Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците со хаштаг #СкопјеДома, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра-стои во објавата.

Ова е интересна идеја која може да ја применат и другите градоначалници со цел да го разбудат креативниот дух кај граѓаните дури се во изолација, но и да ги мотивираат преку парична награда да седат во својот дом.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -