7 C
Skopje

Бил Гејтс зa имплантирањето микрочипови: Јас не го измислив коронавирусот, ниту микрочипираm луѓе

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

Во интервју за германскиот магазин Шпигл 64-годишниот американски претприемач, основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, втор најбогат човек во светот и филантроп зборува за напредокот во потрагата по вакцини и за тоа во што погрешиле САД за време на пандемијата на коронавирусот.

Шпигл: Коронавирусот однесе речиси милион животи. Дали Ве изненади оваа пандемија?

Гејтс: Некои нејзини аспекти се мошне изненадувачки. Идејата дека светот бил во опасност од пренослива респираторна епидемија е нешто за што многу светски здравствени експерти зборуваат со децении. Но главно зборуваа меѓусебе. Никој не очекуваше дека тоа ќе биде коронавирус. Ретроспективно можеме да кажеме дека имаме МЕРС и САРС и дека семејството на коронавируси очигледно може да преминува од еден на друг вид. Сепак, ни требаше многу време да ги откриеме симптомите на оваа болест.

Шпигл: Како е можно овој патоген така да нè затекне?

Гејтс: На крајот на епидемијата на западноафриканската ебола во 2015 година, реков дека не сме подготвени за следната пандемија. Она што беше направено помеѓу 2015 година и оваа пандемија на крајот на 2019 година беше многу, многу скромно.

Шпигл: Зарем Фондацијата Гејтс не можеше да стори нешто повеќе?

Гејтс: Владите и нациите се одговорни за подготовка на светот за војни, природни катастрофи, климатски промени или епидемии. Не ние. Да, фондациите можат да придонесат во финансирањето на научниците, но тие не се темел за решавање на сите здравствени проблеми. Нашиот фокус е на болестите што несразмерно ги погодуваат земјите во развој, болестите на кои богатиот свет не обрнува внимание, како што се ХИВ, туберкулоза и маларија. Излезе дека знаеме повеќе за вакцинацијата затоа што ги ангажираме најдобрите луѓе од компаниите за вакцинирање, но нашата работа не се пандемиите. Владите се занимаваат со нив.

Шпигл: Кои грешки во борбата против пандемијата Ве вознемируваат најмногу?

Гејтс: Тоа што не сфативме дека маските можат да бидат толку голема работа. Прво рековме маските да не се користат затоа што ни се потребни за здравствените работници. Потоа рековме дека маските можат да им помогнат на болните. Ни требаше време да сфатиме дека дури и кај луѓе што не се заразени, носењето маски ги намалува шансите за инфекција.

Шпигл: Дали верувате дека има напредок во развојот на терапијата против ковид-19?

Гејтс: Реалниот напор за тестирање на разни интервенции е исклучително слаб. Сè уште не ја разбираме плазмата. Неверојатно е тоа што не напредувавме повеќе! Податоците за придобивките се доста слаби и кога станува збор за лекот ремдесивир. Организацијата и примената на дијагностиката е слабо спроведена, особено во САД, каде што би очекувале да биде добра.

Шпигл: Колкава одговорност за неуспешната реакција на кризата со короната носи американскиот претседател Доналд Трамп?

Гејтс: Американската реакција беше многу, многу лоша, дури и кога станува збор за тестирањето. Не требаше да им плаќаме надомест на компаниите на кои им беа потребни повеќе од 24 часа за резултатите од тестовите. Мора да ги направиме тестовите достапни за урбаните заедници со најголем обем на работа, наспроти побогатите пациенти за кои системот за тестирање е подостапен. Американскиот одговор е многу полош отколку што требаше да биде. И во тоа постои јасна одговорност на политичкото раководство.

Шпигл: Трамп ги повлече Соединетите Држави од Светската здравствена организација. Дали иницијативите како вашата фондација можат да ја пополнат таа празнина?

Гејтс: Не, никогаш. Нашата фондација никогаш не ги пополнува празнините создадени од американската влада. Тоа не е нашата улога. Последно што треба да се направи е да им се помогне на владите кога тие не се однесуваат одговорно.

Шпигл: Дали сметате дека е можно американската влада да ја преиспита својата одлука за повлекување од Светската здравствена организација? Дали тоа зависи од исходот на претседателските избори во ноември?

Гејтс: Јасно е дека САД ќе останат во Светската здравствена организација и ќе продолжат да плаќаат членарина ако изборите на 3 ноември тргнат во една насока. Ако тргнат во друга насока, сè уште се надевам дека ќе можеме да ја убедиме владата дека тоа е мудра одлука, дека се добро вложени пари дури и според стандардите на „Америка на прво место“, целосно себични стандарди.

Шпигл: Резултатите од изборите може да зависат од тоа дали вакцината за коронавирусот ќе добие итно одобрување од Управата за храна и лекови на САД (ФДА) пред 3 ноември. Постои голема загриженост во врска со ефикасноста и безбедноста доколку одобрението пристигне пред да заврши тестирањето. Дали вреди да се ризикува?

Гејтс: Никој нема да одобри вакцина што не ја поминала клиничката студија во фаза 3. Идејата дека тоа е можно, дури и ако доаѓа од директорот на ФДА, секако е неодговорна. Сега дури и компаниите јасно ставија до знаење дека нема ни да бараат итно одобрување без целосни податоци од Фаза 3.

Шпигл: Кога мислите дека вакцината ќе биде достапна?

Гејтс: Постои мала, ситна шанса Фајзер и Модерна да имаат доволно податоци до крајот на октомври. Од шесте проекти, на Астра зенека, Џонсон&Џонсон, Новавакс и Санофи и две РНК-вакцини, секако очекувам дека во почетокот на 2021 година три или четири ќе добијат одобрение за употреба во итни случаи. Кога ќе влегуваме во 2021 година, верувам дека 90 проценти ќе имаме некои вакцини. Се сомневам дека ова ќе има некакво влијание врз изборите. И тоа не треба да има никакво влијание, бидејќи политичарите не произведуваат вакцини.

Шпигл: Проектот на Астра зенека неодамна беше стопиран затоа што на еден од учесниците во студијата му беше дијагностициран трансверзален миелитис, опасно воспаление на ‘рбетниот мозок што може да е резултат на несакан имунолошки одговор и може да доведе до парализа. Студијата, во меѓувреме, продолжи во Велика Британија. Но што ако овој проблем е предизвикан од вакцината?

Гејтс: Вистина е дека вакцината може да предизвика некоја автоимуна состојба што ќе се открие во одреден момент. Ние ја следиме врската и регулаторните тела цело време се занимаваат со тоа. Значи, тоа не е многу изненадувачки. Што и да се случи, тоа го нагласува фактот дека е многу важно да се имаат многу различни пристапи.

Шпигл: Дали ќе се вакцинирате против ковид-19?

Гејтс: Јас секако нема да го привилегирам мојот пристап до вакцината ако нема доволно од неа. Ако се квалификувам според нормалните критериуми, дефинитивно ќе се вакцинирам. Ќе ги разгледам податоците за итно одобрување и мислам дека тоа е паметен потег. Но нема да се туркам преку ред во ниедна смисла. Постојат многу луѓе што се поважни од мене во однос на достапноста на вакцините, здравствените работници, луѓето што работат во домови за стари лица и затвори или луѓето што живеат во повеќегенерациски домаќинства.

Шпигл: Можеби ќе дојдете на ред побрзо отколку што се надевате. Третина од Американците одбиваат вакцинација против ковид-19.

Гејтс: Се надевам дека со покривање на 60 или 70 проценти од населението ќе создадеме многу силен имунитет на стадо. Се надевам дека националните влади се во можност да убедат доволен број граѓани да ја примат вакцината дури и без употреба на присилни мерки, бидејќи тоа доведува до голем отпор кон вакцинацијата.

Шпигл: Вие лично сте мета на разни теории на заговор. На пример, се шпекулира дека имате намера да ја искористите вакцината против коронавирусот за да им имплантирате микрочипови на луѓето. Како се справувате со ваквите наративи?

Гејтс: Јас не микрочипирам луѓе. Јас не го создадов коронавирусот. Нашата фондација се грижи за спасување животи. Вакцинирајќи во земјите во развој во изминатите 20 години, направивме некои од најневеројатните работи што ги постигнало човештвото. За време на пандемијата имаше пречки, но се надевам дека за неколку години ќе се вратиме таму каде што бевме и ќе продолжиме по тој пат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -