fbpx
2.8 C
Skopje

Биле нападнати со солзавец и пиштоли – откриени причините за нападот на Дарко Лазиќ

АКТУЕЛНО

Пејачот Дарко Лазиќ и неговиот менаџер Милјан Врачевиќ се нападнати синоќа во населбата Умчари, кога непознати мажи ги нападнале и пукале.

Поради тоа Дарко веднаш после лекарскиот преглед на ВМА се повлекол во родното село Брестач, каде за него се грижи неговата мајка, татко и бабата.

-Дарко и Милјан биле пресретнати од повеќе непознати лица додека седеле во автомобилот, им ја отвориле вратата и почнале да ги влечат надвор. Еден од нив неколку пати го удрил Дарко по глава и телото, а другиот му пришол на Врачевиќ, го испрскал со солзавец и го удрил со пиштолот зад увото. Врачевиќ тогаш со рака го турнал пиштолот, при што еден куршум бил испукан во воздух, а потоа Н.Н испукал уште еден – пишуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата.

Како што се дознава, Дарко рекол дека не ги познава напаѓачите и дека не го знае мотивот зошто се нападнати, иако во медиумите пишува дека нападнати се поради тоа што Дарко требало да пее на свадба за која земал пари, а не се појавил.

– Посериозно сум повреден од Дарко, бидејќи имам хематоми по главата. Повредена ми е рожницата и затоа мислам дека не станува збор за солзавец, туку за киселина – кажал Милјан.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -