19 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

„Билјана се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка“

Анита Ангеловска со Фејсбук статус ги „здрма“ сите во случајот за актерката Билјана Беличанец.

“Позната причината за смртта на познатата актерка” – се огласија утрово нашите експерти во новинарството (секоја чест на исклучоците). Познат е начинот на кој завршил животот на оваа преубава жена, која се обидуваше да се носи, во секој поглед, во суровиот и бескрупулозен свет на сопки, одмазди и непријателства. Причината за тоа зошто посегнала по својот живот ја знае само таа, а блиските веројатно претпоставуваат. Се изначитав утрово колку била успешна, моќна, убава, мајка на две деца и многу слични нешта.

И успешните, талентираните и моќните имаат душа, и мајките се човечки суштества, и убавите жени се само кревки луѓе со сите човечки потреби. Тажно завршена приказна на една жена, која не можела да се избори со својата немоќ да ги исполни очекувањата на сите околу неа, а сепак да биде среќна. Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е значајно за вас или неприфаќањето на вашите уверувања.

Свет во кој се плашите да бидете среќни затоа што и пријателите ве гледаат завидливо, во кој парите, политиката, моќта, власта се приоритет, а личната среќа на луѓето споредна работа.

Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности, а која од нив ќе надвладее зависи од многу фактори. Жал ми е за тагата на семејството и за децата без мајка, но, најмногу ми е жал за Билјана која веројатно се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка. Почивај во мир генерацијо 😥

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2568232706581289&id=100001837551878

Latest Posts

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.