fbpx
19.8 C
Skopje

Билјана Трендафилова до Зекири: Нарачаните истраги и обвиненија од СЈО нема да не замолкнат

АКТУЕЛНО

Главната уредничка на ТВ Нова Билјана Трендафилова се огласи на социјалните мрежи и му порача на пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири дека никакви нарачани истраги и обвиненија нема да успеат да ги замолкнат, ниту пак да ги затворат.

„Мухамед Зекири никој не ти дал право да прифаќаш туѓи платформи и да ги ставаш на маса највисоките државни и национални интереси. Ти и твојот претседател загубивте на изборите. Нема да ви успее прегу нарачаните истраги и обвиненија од вашето СЈО да не замолкнете и да не затворите. НОВА била и ќе остане да работи професионално. Нема да отстапи и нема да потклекне.Затоа Зекири не се брукај. Не земаш пари од граѓаните за да менуваш химна или знаме, или како што самиот кажа да ја прифаќаш тиранската платформа. Јави му се на Заев. Кажи му дека 2 милиони граѓани видоа како бесрамно бара поткуп од едно евро за Вицето. Кажи му дека е чесно да одговара за криминалот на суд, а не да се договара и прифаќа антидржавни платформи само за да дојде на власт и да се спаси од одговорност. Доста е лицемерие“, пишува на Фејсбук Билјана Трендафилова

Muhamed Zekiri nikoj ne ti dal pravo da prifakjas tugji platformi i da gi stavas na masa najvisokite drzavni i…

Posted by Biljana Trendafilova on Thursday, March 16, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -