fbpx
17.8 C
Skopje

БИРН од свои извори во ВМРО-ДПМНЕ го дознава нејзиниот став околу референдумот

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ најверојатно нема да ги повика своите поддржувачи да го бојкотираат септемврискиот референдум, објави Балканска истражувачка известувачка мрежа (БИРН), повикувајќи се на извор во најголемата опозициска партија во Македонија.

„По сите повици од меѓународните фактори, кои изјавија дека договорот за името со Грција претставува историска и можеби последна шанса за деблокирање на нашите (заглавени ЕУ и НАТО) интеграциски процеси, отворен повик за бојкот е малку веројатен“, извор близок до раководството на партијата изјавил за БИРН под услов да остане анонимен.

Истиот извор додал дека партијата, која го осуди договорот со Грција потпишан на 17 јуни како предавство, поверојатно е да ги советува своите симпатизери да гласаат според сопствената совест.

Ако се случи тоа, барем некои поддржувачи на партијата најверојатно ќе гласаат, што значително ќе ги зголеми шансите за успех на плебисцито, на кој му е потребен одзив од повеќе од 50 проценти од сите регистрирани гласачи за да биде валиден, заклучува БИРН.

Извор: Експрес

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -