fbpx
13.8 C
Skopje

Битолчанец им се спротивстави на малтретирачите во Мелбурн: Јас сум најголем Македонец и срце ме боли за Битола ВИДЕО

АКТУЕЛНО

Битолчанец кој живее во Австралија откако го употребил своето право на глас во гласачките места во Мелбурн им се спротивстави на оние кои ги тормозат и малтретираат луѓето што гласаат. Според видеото објавено на фејсбук страната „предавници“, тој се враќа кај малтретирачите и им вели дека служел војска во Македонија.

-Да ви кажам нешто, јас сум најголем Македонец, работев за Македонија и служев војска, во прв единица. Заслужен човек сум разбра. Мене срц ме боли Битола, и стан и пари оставив во таа Македонија – рече тој.

Групата иселеници продолжува да го навредува битолчанецот, да упатува пцости кон неговата сопруга и да го прашува зошто гласал.

-За Грција гласаше и за Заев. Џабе беше војска. За кого се бореше, за Југославија? Да ти се посерам во парите комунисто! – извикуваат од групата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -