fbpx
5 C
Skopje

Благоевград со нов градоначалник, приоритети бизнис климата и екологијата

АКТУЕЛНО

Независен кандидат за градоначалник на Благоевград – Румен Томов, кој е поддржан на изборите во Бугарија од БСП, ги доби изборите во градот со 56, 61 % наспроти 40,98 % за досегашниот градоначалник Атанас Камбитов.

“Првото нешто што ќе го направам во општина Благоевград? Ние ќе направиме управувањето со граѓаните да се свртиме кон нив со побрзи административни процедури, со олеснување на пристапот до институциите и деловните активности. Има многу работа во различни насоки – еколошки проблеми, чистота на градот, деловното опкружување во градот“, изјави Томов пред известувачот на Бугарија ON AIR.

Новиот градоначалник на Благоевград смета дека е задолжително градоначалникот да привлече средства и фондови на ЕУ во рамките на националните програми. Румен Томов истакна дека ќе работи на обезбедување на повеќе работни места во градот, создавајќи подобри услови за инвеститорите во Благоевград.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -