fbpx
20.8 C
Skopje

Блажески од ВМРО НП: Една изборна единица за вистински партиски плурализам и демократија

АКТУЕЛНО

Македонија е изморена после секој изборен циклус да се занимава со редефинирање на демократијата во својот двор. Сега е најдоброто време да се направат суштински промени особено кога станува збор за демократските процеси како изборите, вели во изјава за „Поглед.мк,“ членот на ИК и претседател на УМС на ВМРО НП, Дино Блажески.

 

Предлагаме да се промени моменталниот изборен модел односно да се вовоеде една изборна единица со што од една страна ќе се намалат малверзациите со изборните материјали, а од друга страна пак ќе донесеме огромна промена на политичкиот простор, а со тоа и ќе ги охрабриме сите политички партии подеднакво, самостојно да настапуваат на претстојните избори.
Со ваквиот чекор Македонија е се поблиску до вистинската демократија и вистинскиот партиски плурализам.

 

Дино Блажески член на ИК и претседател на УМС на ВМРО-НП во изјава за Поглед.мк 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -