fbpx
4 C
Skopje

Бочварски: Даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија

АКТУЕЛНО

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани

ПРВА ЛИНИЈА Home ИЗБОРИ Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани December 1, 2020 13:10 Како иден градоначалник се обврзувам дека ќе продолжам да работам...

Бочварски: Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека гасификацијата е еден од приоритетите на Владата и оти кракот кој поминува низ од Куманово,...

Во контекст на проблемот со Бугарија, сметам дека во делот на инфраструктурата треба ние да развиваме што е можно посилни и појасни врски помеѓу државите. Проекти што даваат регионален пристап, поврзувањето на главните градови, паневропскиот коридор 8, источниот крак 8, каде имаме реално и движење на капиталните проекти. Ако зборуваме за патната инфраструктура, ние овде во овој дел во моментов инвестираме околу 180 милиони евра само на источниот крак на коридорот 8, од Скопје до граничниот премин со Бугарија. И ова значи дека апсолутно ние даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија. Ова вечерва го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во централниот дневник на телевизија Сител.

– Овде зборувам за постоечкиот коридор и постоечкиот патен правец кој реално ние во моментов го рехабилитираме. Третата лента од Крива Паланка до Бугарија која веќе е влезена во реализација, а делницата од Крива Паланка до Ранковце веќе е рехабилитирана и се враќаме кон Куманово со реализацијата на постојната патна ифраструктура. Паралелно со ова се гради и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, кој ќе биде практично новиот дел на коридорот 8. Се на се во овој дел од државата на коридорот 8 инвестираме околу 180 милиони евра во делот на патната инфраструктура, рече Бочварски.

Додаде дека таму каде се работи, каде има голем обем на зафати во дел на вака гломазна инфраструктура, некаде се јавуваат проблеми во дел на застои, експропријации, откажување на една од компаниите која го гради првиот лот на коридорот 8, на експресниот пат. Се преговара, вели, за преземање од друга компанија.

– Сето ова значи дека имаме одредено забавување, но, ние никогаш не сме се откажале од подобра комуникација со нашиот источен сосед и така ќе продолжиме и понатаму, истакна Бочварски.

Министерот Бочварски рече дека во делот на буџетот во 2021 година очекуваат висока реализација на капиталните инвестиции, кои се позиционирани на 23 милијарди денари или 374 милиони евра.

-Во делот на буџетот на Министерството за транспорт и врски имаме 5,3 милијарди денари од кои 71 отсто се за капитални инвестиции во нашиот буџет, рече Бочварски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Панталони исечени како танга: Карлеуша во многу провокативно издание (Фото)

Кога надворешната температура е само 5 степени српската пејачка Јелена Kарлеуша е во секси стајлинг, панталони исечени како танга, халтери, долна облека исто како...

Штотуку објави: Јоци распали по Апасиев – мизеријо, како не ти е срам?

Истите лекари и сестри, на кои #факфејс Апасиев и Крмов, им блокираат со вмровци работа на Собрание и носење Буџет, со 3.000 амандмани,...

Јоци: Бранко, здраво и збогум – дојдоа нови деца во СДСМ, не знаат ни како изгледаш

Бранко се јави, вајстина се јави! Колку трогателно. Туку, екс претседателот на Македонија и на СДСМ, Бранко Црвеновски, со пензија од 100.000 денари, кој го...

Шаќири до лидерот на Левица: Апасиев најдобро е да не им се обраќа на Албанците, сè додека е вака настроен кон нив

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера на неговиот фејсбук-профил напиша статус во кој им се обрати на Албанците во Македонија: „Драги сограѓани АЛБАНЦИ. Замислете ваква...

СЗО препорача носење маски и дома

Носење маски и дома препорачува СЗО поради спречување на ширење на зарзата во случаеви кога им доаѓаат надворешни посетитли и кога неможат да одржуваат...
- Advertisement -