22 C
Skopje

Бочварски го честита денот на Ромите 8 април: Повторно ќе дојдат добри денови, ви посакувам здравје, среќа и успеси

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Во мое име и во име на Општина Штип на нашите сограѓани од ромската етничка заедница им го честитам Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, со желба за многу здравје, среќа и успеси на личен и професионален план.

Ова се моменти на искушение, кога сите заеднички сме исправени пред голема препрека, моменти кога сите со заеднички сили и капацитети се бориме за нашето здравје и справување со вирусот Ковид 19, моменти кои ни укажуваат дека овој опасен вирус, не бира вера, нација или било каква друга припадност.

Затоа нашата сплотеност и нашиот ангажман ќе бидат клучниот фактор во оваа борба. Драги сограѓани, Вашите предлози и идеи за развојот на Штип се подеднакво почитувани и применувани, затоа нашиот град беше прогласен за најпријателска ромска општина. Заедно да продолжиме да го чекориме патот на инклузивното општествно, пат во кој секој еден е важен и сечии капацитети се важни за заедничкиот напредок. И во овие тешки времиња, да се потсетиме дека нашата држава постигнува огромни успеси, членството во НАТО што значи сигурна и безбедна држава и преговори за членство во Европската унија. Тоа се нашите заеднички цели!

Почитувани пријатели, Во моменти кога наш приоритет е справување со овој опасен вирус, ви посакувам многу здравје, среќа и семеен мир. Повторно ќе дојдат добри денови, повторно ќе бидеме со нашите пријатели и проширени семејства, повторно ќе се среќаваме и дружиме.
До тогаш, да бидеме одговорни и да го чуваме личното и колективното здравје.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

УХМР предупредува: Останете дома, доаѓа невреме (Фото)

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Што ДУИ ќе добие од владиниот колач доколку направи коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

Од PSE JO или зошто да не премиер Албанец до „Можеме уште повеќе, уште подобро“ има огромна разлика. Едните се препознатливи само по ветувањето...
- Advertisement -