20 C
Skopje

Бочварски: Рехабилитираме повеќе од 1500 километри постоечки патни правци

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

– Градежната офанзива продолжува и во новата нормала. Капиталните градби продолжуваат и во вонредните услови во кои живееме. Се гради низ целата држава, низ сите региони. Наместо споменици, фасади и жални врби, градиме патишта и  инфраструктура, вели Благој Бочварски претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ и градоначалник на Штип.

„Инфраструктурата која ја градиме ќе ни овозможи да се справуваме со кризи, но и да оставиме добра база за напредок на идните генерации и на целата економија. Продолжуваме со изградба на 260 км автопати, 300 км експресни патишта ,градиме 950 км локални патишта.

Рехабилитираме повеќе од 1500 км постоечки патни правци.

Ветивме 3 милијарди евра во изградба на патишта и рехабилитација за 10 години,а досега за само 3 години веќе  инвестиравме 1 милијарда евра во рехабилитација и изградба на патишта. Досега, изграден и пуштен е во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно пуштени во употреба во следниот период.“, нагласува Бочварски.

Тој потенцира дека инвестициите во инфраструктурата, во патиштата се инвестици во подобрата поврзаност, инвестиции во развојот инвестиции во нова, развојна македонска економија.

„Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се проширува патната и граничната инфраструктира на клучните премини Ќафасан и Деве Баир.

Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој.

Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси, некомплетни проекти. Но го поправивме тоа, и не запираме додека не изградиме современа држава.

Глетката на фотоволтаични централи е секојдневна за секој граѓанин Поставуваме пример за енергетска ефикасност за да си го исчистиме воздухот.

По целата земја градиме пречистителни станици, за да си ги исчистиме реките. Ги чистиме водите кои ни ги напојуваат плодните земјоделски полиња.

Вложуваме во градење на регионалните депонии за отпад. Да си ја исчистиме почвата од ѓубре.

Ова е сериозен, чесен и одговорен пристап. Градиме домаќински за сегашните и идни генерации.“ истакнува Бочварски во соопштението.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -