7 C
Skopje

Бочварски: Со ребалнсот на буџетот нема да се кратат средства од Министерството за транспорт и врски

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

Со новиот ребаланс на Буџетот нема да се кратат средства од Министерството за транспорт и врски, сите пари за изградба и реконструкција на патишта низ државата се користат, а парите за изградба на железничката пруга од Куманово до Бугарија се повлечени, бидејќи изведувачот се повлече од трасата, рече денеска министерот за трамспорт и врски, Благој Бочварски по увидот во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш.

-Средствата нема потреба да стојат, бидејќи ние таму воопшто немаме изведувач. Тоа што го направи Владата за овој проект конечно реално да заземе посериозен замав и динамика, е спојување на правата и втората делница на железничката пруга Куманово – Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка и во текот на 2021 година вака споена оваа делница ги распишеме во нова постапка, за да добиеме изведувач, а очекувам и посакувам тој изведувач да биде сериозен и да продолжи со реализација на оваа значајна пруга од Коридорот 8, истакна Бочварски.

Прашан за ребалнсот на Буџетот, кој предвидува повеќе средства за изградба на водоводни и канализациски мрежи, Бочварски напомена дека проектите кои се реалзираат во општините се во тек, а таму каде што има поголем прогрес на реализација се додаваат средства за тие проекти да се работат и да нема застој во нивната изградба.

-Ребалансот на буџетот е скроен добро. Се она што има прогрес и се реализира до 31 декември годинава, да имаме средства на располагање. Таму каде што гледаме дека недостасуваат додаваме, таму каде што гледаме дека се вишок ги кратиме, но тоа не значи дека проектите застануваат, објасни Бочварски.

На прашањето кога ќе се користат средствата за изградба на училишта, водоводи, канализации и други капитални инвестиции за општините од средствата предвидени за изградба на Карго аеродромот, Бочварски одговори дека вицепремиерот Фатмир Битиќи веќе има разговарано со раководството на ТАВ, но се уште нема договор меѓу двете страни. Посочи дека кога ќе се постигне договорот, тогаш ќе се прави и распределбата на средствата по општините

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -