14 C
Skopje

Бочварски: Трет координативен состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување – донесени заклучоци и решенија

АКТУЕЛНО

Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска го одржа третиот координативен состанок, каде што ги разменивме информациите и ги донесовме следните заклучоци и задолженија:
1️⃣. Општина Штип започнува со изградба на три пункта за дезинфекција на сите возила кои влегуваат во градот, со поставување на времен режим на сообраќај. Благодарност за покажаната општествена одговорност на градежните компании: Бау Инженеринг, Коле Транс и Пелагонија Инженеринг.
2️⃣. Започнуваме со доделување на 500 пакети на социјално загрозени семејства. Благодарност за покажаната општествена одговорност од страна на Витаминка, Југококта, Актива Инженеринг, ВИД и Бравиа.
3️⃣. Досега Општина Штип додели 10 илјади маски на институции и граѓани. Благодарност до текстилните фабрики и секако работниците кои се ставија во функција на заштита на граѓаните од Корона вирусот.
4️⃣. Досега во Штип имаме 14 позитивни случаи на заболени од Ковид-19. Денес во ЦЈЗ се тестираат 13 лица за кои очекуваме резултати.
5️⃣. Се задолжуваат мобилните тимови на Општина Штип и Црвен Крст да продолжат со давање на помош и поддршка на возрасни граѓани. Досега 60 граѓани ги искористиле овие услуги.
6️⃣. Се задолжува ТППЕ Штип со поддршка на ЈП и дополнителни тимови да продолжи со дезифекција на влезовите во сите станбени згради во градот. Досега се дезинфицирани станбените згради во Центар, Автокоманда, 8ми Ноември и дел од Сењак.
7️⃣. Под домашна изолација денеска во Штип има 128 граѓани. Штабот доби информација од СВР Штип дека досега има приведено 32 граѓани поради нарушување на полицискиот час.

Почитувани граѓани,

Апелирам за најсериозно почитување на сите насоки од институциите, затоа што здтавјето на граѓаните во овој момент зависи од сите нас. Институциите даваат максимум, но во овој момент е потребна силна граѓанска одговорност и поддршка❗

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...
- Advertisement -