fbpx
21.8 C
Skopje

Богаташка групна венчавка: Трите ќерки и синот на Богољуб Кариќ денес стапнаа се венчаа

АКТУЕЛНО

Познатиот бизнисмен и политичар , Богољуб Кариќ денеска ги омажи трите ќерки и синот. Заедно се венчаваа синот и ќерките на Богољуб Кариќ , познат српски бизнисмен и поранешен кандидат за претседател на Србија. На свадбата присуствуваат 800 одбрани гости од јавниот живот на Србија.

Синот и трите ќерки се венчаваа во криптата на црквата Св Сава токму на Голема Богородица. За жал , кумот на ќерката Јелена задоцни , па таа заедно со идниот сопруг Горан Лазаревиќ ќе се венчаат во црква некој друг ден.

Судбоносното да во црквата го кажаа Небојша и Ксенија, Надежда и Дејан и Даница и Никола . Братот и сестрите самите се договориле да имаат заедничка свадба.

Прославата се одржува во вилата ,,јелена “ на Дедиње. за добрата атмосфера на свадбата се задолжени Шабан Шаулиќ и Ана Бекута , додека пријателката на Кариќ , Цеца , не можела да дојде бидејќи е на одмор на Кипар , пишува српски Курир.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -