fbpx
21.8 C
Skopje

Богданци ќе одлучува на референдум за Казандол

АКТУЕЛНО

Советниците на Општина Богданци одлучија на 11 јуни да се организира референдум за или против работењето на рудникот за бакар Казандол. Петмина советници од ВМРО-ДПМНЕ, исто толку од СДСМ и еден од ВМРО-НП едногласно решија да се прифати иницијативата на граѓанското здружение „Спас за Богданци“, кое вчера со почеток 18 часот одржа протест во градскиот парк на кој присуствуваа голем број луѓе. Претходно Советот на Општина Валандово не ја прифати иницијативата на активистите за организирање референдум за рудникот Казандол. Активистите сметаат дека со отворањето на рудникот Казандол во општина Валандово и жителите на Богданци ќе чувствуваат последици од загадувањето на воздухот, водите и на земјиштето предизвикано од работата на рудникот на бакар. Граѓаните на општина Гевгелија минатиот месец на референдум со огромно мнозинство гласови се изјаснија против отворање рудници за злато на планината Кожуф.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -