fbpx
19 C
Skopje

Богоев: Нема да ме изненади пратеникот Димитриев да постави прашање до премиерот Димитриев

АКТУЕЛНО

Претседателот на СДММ и пратеник од редовите на СДСМ, Стефан Богоев од говорницата во Собранието на Република Македонија порача дека разврската која ја креира ВМРО-ДПМНЕ не го изненадува, па воопшто не би го изненадило и пратеникот Емил Димитриев да постави прашање до премиерот Емил Димитриев.

Сето ова е откако од ВМРО-ДПМНЕ најмногу си реплицираат едни на други, иако логично би било да се даде реплика и контра-реплика доколку постојат различни ставови.

„Во една ваква разврска нема да ме изненади и доколку на говорница излезе пратеникот Емил Димитриев и му постави прашање на премиерот Емил Димитриев“, изјави Богоев.

Претходно тој објасни и како дел од медиумите преку ВМРО-ДПМНЕ ја нарекувале и прикажувале Тиранската платформа пред јавноста. Сето тоа извадено од истражување на агенцијата „Мета“.

„Во периодот од 9-ти до 29-ти јануари, тоа е периодот кога мандатот е кај Никола Груевски, во овие единствени 20 денови ВМРО-ДПМНЕ не зборуваше за Тиранска платформа. На 9-ти и 10-ти јануари велеле „таа платформа“, додека веќе на 30-ти јануари ја условуваат како „платформа на Албанците“, „сеалбанска платформа“, а потоа продолжува и како „Платформа на Албанците“ и „платформа на Еди Рама“, порача Богоев.

Никола Груевски по Вибер и СМС од Малта ви диригира како да ја водите седницата!Само кога беше мандатот кај Груевски не ви сметаше платформата.

Posted by Stefan Bogoev on Tuesday, March 28, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -