fbpx
18 C
Skopje

Богоев: Ова е последна зима студентите да живеат во распаднати домови (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија и пратеникот од редовите на СДСМ, Стефан Богоев, уште еднаш, како и повеќе пати досега, на својот Фејсбук профил, објави фотографии од катастофалните услови во кои што живеат студентите кои се сместени во државните студентски домови, за кои како што вели самиот тој, се распаднати домови, со прокиснати тавани и студени радијатори.

Како што најави тој, ова ќе биде последната зима во која студентите ќе живеат во вакви услови, нагласувајќи дека тие тоа никогаш нема да го заборават.

„Истата слика при секој дожд во студентскиот дом „Стив Наумов“! Ова е последна зима во која студентите живеат во распаднати домови, со прокиснати тавани и студени радијатори! А ова, ова никогаш нема да ви го заборавиме!“, напиша Богоев на својот профил.

https://www.facebook.com/stefanbogoevsdmm/posts/10208693346712597?__mref=message_bubble

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -