fbpx
21.8 C
Skopje

Богоевски обвини дека Груевски во Малта потрошил 3.000 евра, Димовски демантираше

АКТУЕЛНО

Пратеникот од колаицијата на СДСМ, Павле Богоевски од собраниската говорница обвини дека поранешниот премиер Никола Груевски со службениот телефон направи сметка од три илјади евра.

„Од службениот премиерски телефон, што го плаќа Владата, во периодот од први март до први април 2017 година, направена е сметка над 184 илјади денари за роаминг. Дали тоа значи дека државата ги плаќа координациите колеги од ВМРО-ДПМНЕ што ви ги правеше Никола Груевски од Малта за циркузот тука?“, праша Богоевски од пратеничката говорница.

Одговор на тоа следуваше од Илија Димовски, кој го повика Богоевски да повика прес-конференција и да побара службите да го потврдат тоа, а доколку не е сигурен во истото да не шири лаги и да се ослонува на пратеничкиот имунитет.

„Павле Богоевски да не го користи пратеничкиот имунитет, нека одржи прес-конференција и државата да поведе истрага ако тоа е вистина“, реплицираше Димовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -