fbpx
15 C
Skopje

Богојески до Заев: Шансите за разочараните од СДСМ повторно да гласаат за вас се 0 %

АКТУЕЛНО

Премиерот Зоран Заев, вчера од собраниската говорница порача дека на изборите СДСМ ќе ја победи ВМРО-ДПМНЕ, а разликата ќе биде помеѓу 60.000 и 120.000 гласа, сè додека се вакви политиките на опозицијата и сè додека граѓаните ги држи сеќавањето на минатото.„Како што одминува времето, оние што се разочарани од владејачките партии ќе се вратат и ќе гласаат затоа што се ежат кога ќе помислат на враќање на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

“Шансите за разочараните од СДСМ и Зоран Заев повторно да гласаат за нив се 0%” е кусата изјава на Богојески во врска со ова тврдење на премиерот. По побараното појаснување, дали очекува тие да гласаат за ВМРО ДПМНЕ, Богојески тврди дека доколку на тие граѓани не им се понуди алтернатива, различна од тие на “На прав пат” и “Обнова за Македонија”, ќе апстинираат од гласање на овие избори, а со тоа СДСМ ќе изгуби најмногу. Кои се аргументите на Заев за тоа тврдење? Дали последната анкета на МЦМС? “Гладна кокошка, просо сонува” е одговорот на Богојески.

Во врска со идејата на Мицкоски за шпиц – кандидат, Богојески смета дека Мицкоски нуди да биде кандидат кој де факто нема да биде кандидат, што е во согласност со неговите “ни риба ни девојка” политики. Тој смета дека Мицкоски има фобија од избори и соочување со народот, па и овој пат бега од можноста да се соочи со Заев во иста изборна единица и да го порази.

“Очигледно Мицкоски очекува пораз, па бега од дирекно соочување со Заев во иста изборна единица. Тој кукавичлук многу ќе и наштети на ВМРО ДПМНЕ на следните избори” – посочува Богојески.

Извор: Скопје1

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -