fbpx
6 C
Skopje

Богојески: Кованицата на Заев, “мултиетнички народ” е оксиморон

АКТУЕЛНО

Кованицата на Заев, “мултиетнички народ” е школски пример за оксиморон. Народ е синоним на етнос. Мултиетнички народ значи мултиетнички етнос, што само по себе е оксиморон.

Може да зборуваме за мултиетничка нација, каква што и е современата македонска нација, но не и за мултиетнички народ.

Мислам дека е созреана состојбата во земјава за отворање и брзо затворање на прашањето за карактерот на нацијата. Кризата на идентитет на македонскиот народ е перманентна и неподнослива. Народски кажано, го избудалевме народот со вакви изјави. Време е да затвориме тема!

Решението е во промоција на граѓанска нација и брза измена на Уставот на земјава со цел тргање на таа советска кованица на народ и делови од народи, нешто како она старото народ и народности, а промоција на државотворна граѓанска нација во која влегуваат сите граѓани кои ја почитуваат и поткрепуваат државноста на македонската Република и се идентификуваат себеси со зборот “македонски”. Тоа значи дека постојат македонски албанци, турци, роми, власи, бугари, срби и македонци, но сите заедно сме дел од една иста политичка македонска нација. До сега сме немале услови за државен идентитет, но сега имаме и треба да го промовираме. Македонија мора да оди напред, да го засилува својот државнички капацитет. Така ние ќе имаме државен македонски идентитет, а секој си го задржува својот етнос.

Незнам дали ова ќе го разбере и поддржи премиерот Заев, но знам дека ова е иднината на Македонија. Се надевам дека и другите политичари ќе имаат доволно разум да го прифатат ова решение, иако не очекувам да разберат што предлагам, математички прецизни популисти.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -