fbpx
15 C
Skopje

Богојески: Македонски концепт нуди нормалност, ништо повеќе од тоа не бараме

АКТУЕЛНО

Зошто ни е потребна нормалност?!? Нормално е да застари кривично дело, Нормално е да избега затвореник, Нормално е да има мафија, Нормално е да има промена на ставови.

Но, не е нормално да нема одговорност за тој поради чив пропуст, застарело делото! Не е нормално да не се утврди одговорност на тој кој го ослободил затвореникот! Не е нормално мафијата да биде жртва и да дели правда! Не е нормално деформатор да станува реформатор, а реформатор да станува реставратор, криминалец да преговара за Закон за обвинителство, обвинител да преговара за укинување на пресуда!

Затоа ние бараме само НОРМАЛНОСТ!

Бараме, да се утврди одговорност за судијата и обнинителот, кои решиле да бидат солидарни со мафијашот и направиле на истиот да му застари делото… да падне обвинението… да избега притворениот / затворениот!

Бараме, да не се “мешаат лончињата”, криминалците да стануваат судии и обвинители, а судиите и обвинителите да стануваат криминалци!

Бараме, одговорност за направените пропусти… лична, индивидуална, конкретна одговорност!

Ништо повеќе од тоа, не бараме!

“Македонски Концепт” нуди нормалност!

“Обнова на Македонија” нуди мафијашка правда!

“На прав пат” нуди да нема одговорност!

Па сега Вие, почитувани граѓани на Републиката, направете избор!!!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -