fbpx
5 C
Skopje

Богојески: Ние не сме конкуренкција само на Обновата на минатото, туку и на „слеп пат“

АКТУЕЛНО

Еден од предводниците на Македонски концепт Петар Богојески во интервју за Стандард одговара на прашањата која е иднината на десницата во Македонија и дали тој планира да прави партија заедно со Митко Јанчев и Никола Тодоров и дали има простор за нов субјект кој може да им ги помати сметките на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тие коментари на господин Мицкоски покажуваат дека тој не мрднал ниту чекор од груевистичката реторика. Секој кој размислува различно од него е предавник. Ништо ново. Вистината е дека јас немам никакви планови за некаква нова партија со Митко Јанчев. Македонски концепт не е партија и не е конкуренкција на ВМРО-ДПМНЕ, туку на „Обновата на минатото“. Исто така „конкуренкција на слеп пат“. Ние промовираме поквалитетна, ефективна и ефикасна програма, за која Мицкоски нема ниту тим, ниту знаење да направи нешто слично. Тој знае само да уценува и да се заканува.

Богојески испрати критика до сите досегашни влади за проблемот со иселувањето од Македонија.

Ништо не е направено наназад низ годините за ова прашање. Ние понудивме специјален проект „Партнерство со младите“ кој во суштина е многу едноставен и прилагодлив на потребите на младиот човек, но и секој еден кој се иселил, а сакаме да се врати дома. Ова не само што е најголем проблем според Богојески, туку истиот се заканува да ја уништи и државноста на Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -