19 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

Богојески за „Политика“: Христијан едно зборува дома, а друго пред странците, после снимката со Борисов се е јасно

Мачнина ми падна кога видов како господин Мицкоски коленичи пред господин Борисов. Објаснува нешта и на начин, срам да те фати. Во ред е да имаме комуникација со сите странци, но не вакво понижување. Македонија треба да се претставува достоинствено и чесно. Со исправена глава. Со образ. Не е се до власта. За пуста власт, Христијан е подготвен, се да прифати. Не е се во таа пуста власт.

Најнечесно, неетички е тоа што Христијан едно зборува дома, а друго пред странците. До сега дел од членовите на ВМРО ДПМНЕ не веруваа во тоа. После онаа снимка на Борисов, се е веќе јасно и на виделина. Срамота и греота е да се лаже сопствениот народ. Народот тоа не го заслужи! Трагикомичен е аргументот за евро-атлантската определба на господин Мицкоски, дека се образувал еден месец на италијански универзитет. Па и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун се образуваше во Швајцарија, па не е Швајцарец!

Пријателството помеѓу државите се гради со конкретни чекори. Не со меѓусебно подметнување. Иднината на Македонија е во европското семејство на држави. Тоа се постигнува со достоинство и работа, а не со лажен патриотизам.

Latest Posts

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.