2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Богот на фудбалот Меси со својот 500. гол го замолкна Сантијаго Бернабе

Големото дерби на шпнаскиот фудбал „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона заврши со победа на Барселона, со што ја зацврстија својата позиција.

Екипата на Реал Мадрид дојде до водство во 28. минута по голот на Касемиро, но радоста на домашната публика не траеше долго, бидејќи само пет минути подоцна Меси постигна погодок и го израмни резултатот, со што двете екипи на полувреме заминаа со резултат 1:1.

Во 72. минута од натпреварот Терштеген имаше фантасична одбрана, а веќе веднаш потоа на само 18. минути до крајот на натпреварот Ракитиќ постигна извонреден гол со кој ја доведе Барселона во водство на Сантијаго Бернабе.

Претходно, Кристијано Роналдо имаше прекрасна можност да го доведе Реал Мадрид во предност, но неговиот удар заврши над самиот гол од противничкиот тим. Црвен картон во 77. минута од натпреварот доби Серхио Рамос кој имаше старт врз Лионел Меси. Во 80. минута Пике имаше голема шанса да го зголеми водството на Барселона, но неговиот удар наместо во мрежата, заврши во голманот на Реал.

Во 86. минута Хамес Родригез го врати Реал во живот. Марсело упати центар шут, а ударот на Родригез заврши во мрежата на Барселона.

На самиот финиш од натпреварот, еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси го постигна својот 500 гол, кој го замолкна Сантијаго Бернабе и стави крај на надежите на Реал Мадрид.

Конечниот исход од натпреварот е победа на гостите со 2:3.

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави