fbpx
26.8 C
Skopje

Бојан Јовановски и 1ТВ ќе го покријат лекувањето на малата Софија во износ од 28.000 евра

АКТУЕЛНО

Бојан Јовановски, сопственикот на 1ТВ и БМЈ Медиагруп се вклучува во хуманитарната акција за лекување на малата Софија.

-Сакам да соопштам дека нашата компанија ќе се откаже од месечните комерцијални надоместоци од споменатиот клиент во висина од 28.000 евра, потребен износ за операцијата на малата Софија, напиша Јовановски на социјалните мрежи.

Како што пишува сопственикот на 1ТВ, средствата ќе бидат наменети за операција и нашата компанија целосно ќе се погрижи за реализација на истата.

Тој порача дека мајката на Софија уште од утре може да го контактира менаџментот на 1ТВ за сите потребни и финални детали.

Kako prv covek na 1TV i BMJ MEDIA GROUP sakam da soopstam deka našata kompanija ke se otkaze od mesecnite komercijalni…

Posted by Boki Jovanovski on Wednesday, September 5, 2018

Малата Софија Караманолева, која има само 22 месеци, има дијагноза тумор на р’бетниот мозок што ја спречува да оди.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -