fbpx
21.8 C
Skopje

Бојан Јовановски: Утре на плоштад „Македонија“ сакаме да испратиме порака – „граѓаните се пред политичарите“

АКТУЕЛНО

„Доколку институциите функционираа како што треба да функционираат, овие лица и нивните семејства ќе ги уживаа нивните права и ќе имаат основни човечки услови за достоинствен живот. Она што можам да го кажам како совесен граѓани е дека тие не се лица со специјални потреби, туку најчесните лица. Овој плоштад утре треба да биде наполнет и да има масовна поддршка за овие лица.

Сакаме да испратиме порака – „граѓаните се пред политичарите!“. Истите тие политичарите се гласани од сите нас, од овие луѓе и затоа тие се оние кои треба да направат добро дело за нив. Потписите во бројка од 10. 000 уште вчера се собрани. Ние сакаме да имаме што повеќе потписи, бидејќи граѓаните преку таквиот начин симболично ја даваат својата поддршка, при што ќе испратиме една силна порака – „граѓаните се посилни од сите политички игри!“

Ние не ги делиме луѓето. Ги повикуваме сите луѓе кои имаат добра намера, кои сакаат да ја изразат својата поддршка за овие луѓе, утре да бидат тука, на плоштадот.

Покрај се, тие заслужуваат државата односно ресорното министерство да им обезбедат услови за пристоен и достоинствен живот.

Утре ќе има песна, ќе има храна, ова ќе биде собир со позитивна мисла и со многу јасна порака. Јас мислам дека на луѓето им е смачено од политика и очекувам дека публикумот кој ме следи на социјалните мрежи, дека ќе се одважи и дека ќе дојде да ја даде својата поддршка, на плоштадот „Македонија“ во Скопје“, рече претседателот на Меѓународната асоцијација за човекови права“, Бојан Јовановски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -