fbpx
21 C
Skopje

Бојан Јовановски за семејствата на убиените деца од Смилковско: Родителите ја заслужуваат вистината, тие живеат со таа мисла!

АКТУЕЛНО

Популарниот шоумен а сегашен претседател на Меѓународната асоцијација за човекова социјална заштита при ЕУ,  Бојан Јовановски познат како Боки 13, вчерашната вечер објави фотографија на својот профил на Фејсбук, на која ја информира јавноста дека е со семејствата на убиените деца од Смилковско.

„Вечерва бев на гости кај семејствата на прекрасните деца кои на монструозен начин ги загубија своите животи со цел да им ги предадем портретите од нивните деца. Од срце им благодарам за нивниот прекрасен и емотивен пречек и им благодарам на нивната топлина и љубов со која ме угостија.

Сакам само една порака да пренесам на целата јавност од овие личности и како јавна личност да кажам и апелирам. Овие луѓе ја заслужуваат вистината за убиството на нивните деца, овие луѓе живеат со таа мисла. 

Драги момци, почивајте во мир, со љубов за вечен спомен, Боки 13“, напиша Јовановски на својот фејсбук профил.

Vecerva bev na gosti kaj semejstvata na prekrasnite deca koi na monstruozen nacin gi zagubija svoite zivoti so cel da im…

Posted by Boki Jovanovski on Tuesday, April 18, 2017

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -