5.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Бојко Борисов: На Балканот се договоривме да нема големи, сите сме еднакви

Треба да станеме пример за мир, стабилност и просперитет“, рече премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов, кој беше домаќин на балканската средба со премиерите на Грција и Романија и со српскиот претседател.

На Балканите се договоривме да нема големи, сите сме еднакви и треба да ги развиваме односите така што ќе станеме пример за мир, стабилност и просперитет.

Ова го изјави премиерот на Р. Бугарија Бојко Борисов на брифинг веднаш по четиристраната балканска средба, на која беше домаќин во “Евксиноград“. Во резиденцијата бугарскиот премиер разговараше со премиерите на Грција Алексис Ципрас, на Романија Михаи Тудосе и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Премиерот Бојко Борисов изрази желба Балканите да го зачуваат мирот, стабилноста и развојот на земјите, што е во интерес на граѓаните на самите држави и бизнисот во регионот, како и да допринесат за реализирањето на општи проекти кои што се од нивно значење.

“Ние сакаме да помогнеме на ЕС да не мисли на нашиот регион, да не создаваме проблеми во регионот. Помудри сме и бараме развиток, а не спорови“, рече Борисов. Според него местото на Србија е во ЕУ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се заблагодари на поддршката, која Србија ја добива за нејзиниот европски пат. „За нас мирот и стабилноста се најважни“, истакна тој и подвлече дека е огромно значењето од работата на инфраструктурните проекти меѓу четирите држави.

Тој ја истакна надежта дека ќе биде добар домаќин на следната средба во истиот формат, но во Белград.

Четирите држави можаат да играат важна улога за развојот на регионот, изјави од своја страна премиерот на Грција Алексис Ципрас. Тој ја поздрави бугарската иницијатива да се оствари средба на врвот на Западните Балкани во рамките на идното претседателство на Бугарија во Советот на ЕУ. Цопрас стави акцент особено на соработката меѓу четири држави во енергитиката, транспортот и управувањето на кризи во сферата на безбедноста.

Премиерот на Романија Михаи Тудосе го нагласи значењето на добрососедството и енергетската безбедност. Неговиот став е дека четирите држави треба да дејствуваат како еден партнер на овие теми и да имаат добра координација за нивните инфраструктурни проекти.

На четиристранната среща с премиерите на Гърция Алексис Ципрас, на Румъния Mihai Tudose и президента на Сърбия Александар Вучић се разбрахме да работим за укрепването на единството и сътрудничеството в Европа. Българското председателство е много важно за всички в региона. Посланието, което излъчваме от Балканите е мир, стабилност и просперитет.

Posted by Boyko Borissov on Tuesday, October 3, 2017

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави